Британската влада ги повика своите граѓани веднаш да го напуштат Либан
Британските граѓани во Либан се повикани веднаш да ја напуштат земјата поради ескалацијата на насилството меѓу Израел и либанскиот Хезболах, јави ДПА.
Британското Министерство за надворешни работи вчера ги советуваше граѓаните на земјата да се качат на „следниот лет“.
„Работиме на зголемување на капацитетот и обезбедување места за заминување на британските државјани“, се додава во соопштението.
Граѓаните се повикуваат да се пријават на веб-страницата на Министерството за да добијат најнови информации.
Британскиот министер за одбрана Џон Хили вчера предупреди дека размената на воздушни и ракетни напади меѓу Израел и Хезболах може да доведе до ескалација со многу посериозни последици.
„Советите за патување остануваат исти – не одете во Либан. Ако сте во Либан, напуштете го, сè уште има комерцијални патнички летови за луѓето да можат да го сторат тоа“, рече Хили, нагласувајќи дека владата се подготвува за каков било потенцијален развој на ситуацијата.
Ново на Сител
-
Дивац опериран по сообраќајна несреќа во Црна Гора
-
Мбапе пуштен од болницата во Мајами
-
Истрага против две лица за тешката сообраќајна несреќа во Охрид
-
САД распоредуваат трет носач на авиони поблиску до конфликтот на Блискиот Исток
-
„Амазон“ ќе произведува 10.000 самоуправувачки „роботакси“ - возила годишно
-
Дисциплинската комисија на ЈОРСМ утврдила крупни грешки кај шефот на Вишото јавно обвинителство
-
На граничните премини Богородица и Табановце од македонска страна се чека до половина час
-
УНХЦР се подготвува за голем бран бегалци од Иран