Македонија
4. March 2021 - 12:54

Британската мутација го зголемува бројот на нови случаи во Охрид

Никако не спласнува бројот на новозаболени од Ковид-19. Речиси 70 посто  од хоспитализираните пациенти во охридската болница се на кислородна поддршка, а меѓу нив има и неколку многу тешки случаи. Охрид се уште е жариште и на мутираниот британски вирус но според директорот Балески добро е што постоечката терапија делува, а вакцината го покрива новиот сој.

Во Струга пак тројно е помал бројот на заболени од  коронавирусот. Од Здравствениот дом велат подготвен е  вакцинален пунк и медицински тимови за имунизација на населението.

Во Охрид во функција е ставена модуларната болница која е комплетно опремена и има капацитет од 40 легла. Во Струга пак се е подготвено, но се работи на доток на кислород за нејзин стрт со работа. Моментално во Охрид има 475 активни случаи на Ковид 19, а во Струга 190.