-->
-->
Британска доминација на Тур
-->
Седмата етапа од велосипедската трка „Тур Д‘ Франс“ мина во знак на британските велосипедисти Марк Кавендиш победи на етапата, а „жолтата маица“ ја облече Кристофер Фром.
Денешната седма етапа во должина од 190,5 километри се возеше од Ливаро до Фужере, а во фото финишот најбрз беше Кавендиш, додека место на победничкиот подиум имаше и за Андре Грепел и Петер Саган. Времето на победникот беше 4 часа 27 минути и 25 секунди. За Кавендиш ова беше 26.та етапна победа.
Првото место (жолтата маица) во генералниот пласман го презеде Фром откако лидерот до оваа етапа Тони Мартон поради незгодата во четвртокот мораше да се откаже од трката. Фром има вкупно време од 26 часа 40 минути и 51 секунда. Саган е втор со заостанување од 11 секунди, а трет е Тејај Ван Гардерен со 13 секунди заостанување.
Утре се вози осмата етапа од Рен до Мур де Бретањ во должина од 181 километар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВИ: „Мона Лиза“ рапува
-
УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“
-
Кари ја освои наградата „Џери Вест“
-
Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс
-
Први мај и вторитот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест
-
На западот на Австралија 160 насукани, а 26 угинати китови
-
Паднаа перките на познатата ветерница над клубот „Мулен руж" во Париз
-
Атлетико сака да ја продолжи соработката со Витсел