Британија од 17 мај на своите туристи ќе им дава ковид пасоши
Британските туристи од 17 мај ќе добијат ковид пасоши, под услов да ги примиле двете дози на вакцината.
Министерот за транспорт Грант Шапс рече дека оние кои биле вакцинирани може да ја користат апликацијата на Националната здравствена служба (НХС) за да го покажат својот статус, објави „Сан“.
Луѓето кои ја немаат апликацијата ќе можат да побараат писмо од НХС, кое би го носеле со себе за време на патувањето.
Информацијата следи откако министерот Шапс откри „зелена листа“ на земји каде Британците можат да одат на одмор – Португалија, Израел и Исланд.
„Денеска го одбележуваме првиот чекор кон претпазливо враќање на меѓународните патувања, со преземени мерки за заштита на јавното здравје и да се осигураме дека нема да се отфрли тешко освоената победа за која сите се стремевме оваа година“, рече министерот Шапс.
Тој додаде дека луѓето можат да очекуваат патувањето да биде малку поразлично ова лето – со подолго чекање на граница, во рамки на построгите мерки за спречување влез на нови видови коронавирус во Велика Британија.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес