Британија ќе загуби над 300 милијарди евра поради Брегзит, тврди германски експерт
Британската одлука за напуштање на ЕУ ќе ја погоди економијата на целиот блок, но се очекува самата Велика Британија да загуби над 300 милијарди евра до 2030 година, тврди германскиот експерт Андреас Есер.
- Ова е ситуација во која секој губи, земјите членки на ЕУ и најдраматично самата Британија, истакна Есер, кој е шеф на економскиот оддел на фондацијата „Бертелсман“.
Ако останатите 27 држави во ЕУ применат остри мерки против Велика Британија, нејзината економска изолација може да има сериозни последици, смета експертот. Тој прогнозира дека германската економија, исто така, може да загуби над 55 милијарди евра од трговски зделки.
- Британците гласаа за етапа на небезбедност, нагласи Есер, додавајќи дека оваа небезбедност ќе има негативно влијание врз потрошувачките трошоци и инвестициите, водејќи до пониски економски показатели во следните месеци и години.
Бруто домашниот производ на Велика Британија може да се намали за 14 проценти до 2030 години, кога ќе се почувствуваат целосно последиците.
Над 50 отсто од британската трговија е со државите од ЕУ, се наведува во извештајот. Доколку земјата ги загуби трговските привилегии, царината ќе ја зголеми цената на размена на стоки и услуги.
Банкарскиот сектор, кој е од првостепено значење за британската економија, исто така ќе се соочи со проблеми поради изолацијата, бидејќи инвеститорите веројатно ќе се повлечат.
Од сето тоа најголема корист би можеле да имаат други финансиски центри во Европа, како Франкуфрт и Париз, смета германскиот експерт.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова се сретна со претседателот на црногорското Собрание, Андрија Мандиќ
-
Зеленски го потпиша буџетот за 2025 со 60 проценти од трошоците за одбрана и безбедност
-
Мицкоски: Добивам документи од свиркачи за фалсификувани записници во Судскиот совет
-
Претседателката на Судскиот совет Дамева реагира на обвинувањата за продолжување на мандатот
-
Индија тестираше балистичка ракета од нуклеарна подморница
-
Сиљановска Давкова – Милативиќ: Да се интензивира економската соработка
-
Почна судењето против Вангелица Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово
-
Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила