Британец објави дека е во четвртиот месец од бременоста
Хајден Крос (20), од англискиот град Глостер, е првиот маж во Велика Британија кој јавно на Фејсбук објави дека е бремен.
Крос инаку е роден како девојче, но веќе три години е законски признат и живее како - маж. Веќе прима терапија за промена на полот, но одлучил - пред завршните операции да роди.
Така, идниот „татко“, кој на социјалните мрежи нашол донатор на сперма, сега е во четвртиот месец од бременоста.
По породувањето, ќе следат операции за отстранување на „неговите“ гради и јајници.
- Се израдував, но во истовреме знаев дека ова ќе ја забави промената на полот. Да се носи дете во утробата е женска работа и е во спротивност со чувствата во моето тело. Сакав дете сега, за да можам да го променам полот пред да остарам, изјави Хајден за таблоидот „Сан“.
Натаму, тој вели дека кога детето ќе потпорасне ќе му каже за промената на полот, оти, како што вели, „трансексуалноста е вообичаена појава во денешнината“.
Во 2008, Американецот Томас Бити беше првиот маж во светот кој објави дека е бремен.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација