Британците со поделени мислења пред референдумот за членството на земјата во ЕУ

Бројот на поддржувачите е еднаков со оној на противниците, по прашањето околу тоа дали Велика Британија треба да остане или да ја напушти Европската Унија, покажа денеска објавената анкета на агенцијата „Ју-Гов“ за весникот „Тајмс".
Истражувањето покажува и дека референдумот ја поткопува довербата кон премиерот Дејвид Камерон, којшто предупреди за ризиците за економијата и за сигурноста на Велика Британија, ако тие одлучат да напуштат.
Поддршката за останување во ЕУ изнесува 41 отсто, и е зголемена за три процентни поени помалку во однос на минатата седмица, а 41 отсто од Британците го сметаат спротивното (еден процентен поен повеќе од претходно). Четири отсто од анкетираните одговориле дека нема да гласаат, а 13 проценти уште не се решиле како ќе гласаат.
На прашањето, кому веруваат за Европа и реферндумот, едвај 18 отстовелат дека имаат доверба во Камерон - пад од 2 поена во однос на почетокот на мај. Најголема доверба – 31 отсто од анкетираните, ужива Борис Џонсон, порранешниот градоначалник на Лондон, кој ја предводи кампањата за излегување од ЕУ.
Ново на Сител
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Тема на денот со д-р. Драган Даниловски, епидемиолог
-

Центар за управување со отпад против еколошкиот хаос
-

Преглед на вестите од светот
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Дали исходот на претседателските избори во Бугарија може да влијае на односите со Македонија?
-

Масовни протести и немири и денеска ја тресат Европа
-

Предупредувањата на премиерот треба да се сфатат сериозно - велат експертите
