Македонија
1. September 2015 - 17:17

Брисел го поздрави враќањето на опозицијата во Собранието

Европската унија преку Европската комисија го поздрави враќањето на избраните пратеници на опозициската СДСМ во македонското Собрание, што е според договорот од 2 јуни и Протоколот на истиот од 15 јули. Официјален Брисел, преку портпаролката Маја Коцијанчич, исто така, испрати порака и дека одблиску го следи развојот на настаните и очекува прогрес во однос на изборот на Специјалниот обвинител, чиј краен рок истекува за две седмици.

Ние го поздравуваме фактот дека опозиција сега е вратена во парламентот, знаете дека ова е дел од договорот посредуван од Европската унија во јуни и јули оваа година. Многу е важно е овој договор да се имплементира и ние сега очекуваме парламентот да работи на реформските приоритети во интерес на целата земја. - порача портпаролката на Еврокомиијата, Маја Коцијанчич.

Во однос на проблемите при изборот на Специјалниот обвинител и можноста да се пробие крајниот рок, а тоа е 15 септември, гласноговорничката на еврокомесарот за преговори за проширување, Јоханес Хан, со дециден одговор:

За прашањето за Специјалниот обвинител, работата на ова се уште се одвива и ние очекуваме партиите да ги задржат и имплементираат сите обврски. Еврокомисијата и посебно комесарот Хан го следат ова многу одблиску и ние очекуваме прогрес исто така и на ова поле - истакна Коцијанчич.

Како што претходно порачаа од неформалната Влада на Европската унија, роковите за избор на Специјален обвинител, како и на министри во македонската Влада што ќе ги предложи опозициската СДСМ, заклучно со одржувањето на предвремените парламентарни избори на 24 април 2016 година, се јасни и прецизни и истите не смее да се пробиваат.