Брисел ги повика Белград и Приштина да ја смират реториката

Европската унија оцени дека повеќе од кога било е потребен напредок во нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина, а со цел мир и стабилност. ЕУ ги повика двете страни да се придржуваат на договорот, да ја смират реториката и да продолжат со напорите за намалување на тензијата, соопшти синоќа портпаролката на Европската комисија Маја Коцијанчиќ.
- Потсетуваме дека за време на состанокот (во вторникот) на високо политичко ниво, претседателите и премиерите на Србија и Косово се договорија да се воздржат од потпалувачки реторики и изјави со цел да се спуштат тензиите и да се фокусираат на работата, наведе Коцијанчиќ.
- Благодарни сме на помирувачките изјави и многу жалиме поради понатамошните потпалувачки изјави што следеа по разбирањето во вторникот, порача портпаролката на Европската комисија во пишаното соопштение од Брисел.
Коцијанчиќ нагласи дека напредокот во нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина е неопходен повеќе од кога било со цел да се зачува мирот и стабилноста меѓу двете земји во регионот.
Истовремено, Коцијанчиќ потсетува дека тој напредок е клучен за продолжување на патот на двете страни кон ЕУ.
Ново на Сител
-

Во буџетот собрани речиси 500 милиони евра помалку од планираното
-

Мадуро и неговата сопруга пред федералниот суд во Менхетен
-

Мадуро денеска пред федералниот суд на Менхетен ќе ги слушне обвиненијата за наркотероризам
-

Се воведува е-фактура
-

Се прават последните подготовки за Бадник и Божиќ
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Дејан Пројковски
-

Мадуро утре ќе се појави пред американскиот суд
