Брезовски за Сител: Нè однесе струјата - другарот почна да плива кон другиот другар за да го спаси, но не успеа
Да сумирам во кратки црти не знаевме дека на таа плажа има толку силни струи, струите се спојуваат таму и предизвикуваат многу силна струја што носи сред море, вели Васил Брезовски за Сител, првиот Македонец спасен на Халкидики.
- Пливајќи полека, полека нè однесе, додека не почувствуваме дека сме надвор од безбедната зона, односно не го допираме дното и веднаш се обидовме да отпливаме кон плажата, меѓутоа не успеавме јас и мојот пријател. Потоа, другарот почна да плива кон другиот пријател за да го спаси но не успеа. едноставно чекавме да дојде помош, сведочи Брезовски за Сител.
Брезовски објаснува и за тоа како бил спасен од страна на сурфер и крајбрежната полиција.
- Мене ми помогна сурфер, кој за жал не можеше да ме извлече, ми рече да бидам мирен и да останам таму каде што сум додека не дојде полицијата или крајбрежната служба, па потоа тој замина да повика помош, вели Брезовски. Додава дека откако тој бил спасен потрагата продолжила по останатите двајца негови другари.
Васил им порача на грчките власти подобро да ги означат плажите за да туристите знаат што да очекуваат додавајќи дека некои од плажите служат само за уживање во глетката.
Ново на Сител
-
Меѓународен ден на студентите
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место