Бретон: Во ред е членките на ЕУ да набават кинески и руски вакцини
– Еврокомесарот за внатрешен пазар Тиери Бретон изјави дека е во ред ако членките на Унијата сакаат да набават вакцини против коронавирусот од руски и кинески производител.
Во разговор за бриселски „Политико“, тој го поздрави потегот на Австрија и Данска да соработуваат со Израел во врска со вакцините.
– Немам никаков страв дека е тоа е насочено против никого. Тоа е само подобрување на глобалната соработка, рече Бретон. Бретон инаку е задолжен за разговори со претставници на компаниите АстраЗенека, Фајзер и Модерна, кои произведуваат вакцини против коронавирусот.
На прашањето да го коментира интересот на Унгарија, Словачка, Полска и Чешка за руската вакцина Спутник В, тој рече дека сите дози што ги добиваат тие земји се само „капка во морето“.
– Она што сега ни требаат се дози, а не нови вакцини, рече Бретон, додавајќи дека Унгарија примила 40.000 дози руска вакцина, а потребни се милиони, а земјите-членки ќе добијат милиони дози вакцини со помош на ЕУ.
Ново на Сител
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за идно коалицирање и заедничка соработка
-
Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи
-
Зеленски до Парламентот поднесе предлог-закон за продолжување на мобилизацијата