Ракомет
29. December 2020 - 14:32
Брестовац го објави поширокиот список за ЕХФ неделата
Данило Брестовац селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија денеска го објави поширокиот список на играчи на кои ќе смета за ЕХФ неделата
24 имиња, од кои четири ќе бидат резерви се најдоа на поширокиот список кој го објави Данило Брестовац за ЕХФ неделата во јануари за која се предвидени и двете контролни средби со Чиле.
Тимот ќе биде предводен од капитенот Кире Лазаров, но на списокот недостасуваат неколку стандардни репрезентативци, Стојанче Стоилов, Борко Ристовски, Гоце Георгиевски, Велко Маркоски и Дејан Манасков.
Како што брифира селекторот Брестовац, тој решил шанса да им даде на неколку млади ракометари, кои се потенцијални репрезентативци, но доколку се случи Македонија да „улета“ на Светското првенство во Египет, тогаш списокот ќе претрпи промени.
„Ние се подготвуваме долгорочно и затоа приложениот список за ЕХФ неделата е таков каков што е. Доколку се случи да бидеме повикани за СП 2021 во Египет, веќе е подготвен и поширок список од 35 имиња за светскиот шампионат“, најавува Брстовац.
Во моментов „црвено-жолтите“ се прва резерва и доколку кај некој од учесниците се појави Ковид-19, би можеле да влетаат на мундијалот чиј почеток е на 13 јануари.
Собирот на македонската репрезентација е во недела, на 3. јануари, во хотелот „Александар Палас“, а ќе послужи како подготовки за квалификациски натпревари против Данска во март, односно Финска и Швајцарија во април кои се дел од квалификациите за ЕП 2022 во Словачка и Унгарија.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->