Џет-Сет
26. January 2018 - 15:42

Брена и Пријовиќ жестоко се испокараа, ова е причината!

Брена неодамна беше на одмор на Тајланд со семејството, а друштво им правеше девојката на Филип, Александра Пријовиќ.

Сепак, идиличната атмосфера наводно ја прекинала кавгата меѓу двете дами, пишува српски Блиц. Требало да се договорат како ќе ги поминат деновите на егзотичната дестинација, па тука настанал и проблемот.

Пријовиќ ја навредила нарекувајќи ја пензионерка, алудирајќи на нејзиниот дух и однесување во текот на одморот.

Александра сакала да оди на сите плажи, па дури и подалечните, а кога тоа и го кажала на Брена, таа одбила. Пријовиќ со висок тон кажала дека не сака Тајланд да го гледа од под клима и дека нема толку години за да се однесува пензионерски, што Брена ја невредило. Скокнала и и кажала на идната снаа како треба да се однесува, открива близок извор на Живојиновиќ.

Тоа не било крај на кавгата која станала уште пожестока и продолжиле да се расправаат за кариерата на Филип, па ја обвинила Александра дека е виновна што не го поддржала да ја зачува својата работа, додава изворот.

Бидејќи расправијата продолжувала, морале да реагираат и останатите членови на семејството , а во еден момент дури се вмешале Стефан и Виктор, па следела и реакција од Боба.