Бремените жени и хронично болните утре и задутре да не одат на работа

Од работни обврски да бидат ослободени бремените жени и хронично болните лица на возраст над 60 години, а работодавците да го реорганизираат работното време во насока на избегнување активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот.
Ова се препораките од Министерството за здравство (МЗ) по најавите од Управата за хидрометеоролошки работи дека во текот на следните денови, утре и задутре, територијата на целата држава ќе биде зафатена со температури од портокалова фаза.
МЗ препорачува и да не се одржуваат спортски активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, а градинките да не ги изнесуваат децата на отворено и да не практикуваат физичка активност во овој период.
- Потсетуваме дека е потребно граѓаните од целата држава да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури, како што се: заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, носење светла и лесна облека, консумирање лесна храна и течности, хигиенски начин на подготовка на храната и редовно земање на терапијата кај хронично болните лица, наведува Министерството.
Поради високите температури и зголемената можност за појава на труења со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува задолжително миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба, како и термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу кус рок по подготовката (доколку тоа не се направи, подготвената храна да се стави во фрижидер на плус осум степени, а пред употреба да се загрее на плус 100 степени). Се препорачува да се избегнува консумирање производи кои не се термички обработени, како мајонези од домашни јајца, а внимателно да се консумираат и сладоледи и разни кремови.
Ново на Сител
-

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица
-

Од лидер на средношколците до вицепремиер | Александар Николоски | Sitel Podcast 140
-

Апелација пресуди во корист на Анѓушев, одбиена жалбата на ИРЛ
-

Силекс полуфиналист во фудбалскиот Куп на Македонија
-

Владата на Швајцарија ќе им исплати по 56.000 долари на жртвите во пожарот во Кранс-Монтана
-

83-годишен дедо од Битола измамен за 10.000 евра, платил за наводна итна операција на внуката
-

Сообраќајка помеѓу возило на МВР и такси во Црниче
-

Одложени судските рочишта против Мерко за плочата и осветлувањето на Дрим
