Живот
12. April 2017 - 15:56

Бремена проститутка не се откажува од муштериите: Причината ќе ве расплаче/18+

Сексуална работничка признава дека ќе продолжи вредно да работи се до породувањето, нагласувајќи дека таа има право да избре што ќе прави со своето тело.

Самер Себастијан е проститутка вработена во Мунлајт бани ранчот, лиценциран бордел во Невада, и неодамна дозна дека е бремана од своето 70-годишно момче.

На својот блог оваа жена напиша дека и покрај тоа што е бремена нема да се откаже од својата работа.

„Никогаш до сега не ми се случило да престанам да работам на Бани ранчот, и се додека не забременив, искрено не размислував за тоа. Сакам да го поддржам правото на жената на избор. Во мојот случај, да работат како проститутки дури и кога се бремени!“

Како и во секое друго политичко соопштение, Самер рече дека за оваа одлука се определила од финансиски причини.

„Таа ги плаќа мастер студиите и издржува ќерки близначки“, напишаа странските медиуми.

Самер објасни дека за ова се консултирала и со лекар од клиника од кој добила дозвола за работа.

„Мојот доктор рече дека се додека бременоста се одвива без проблеми, може да имам секс колку сакам“, заклучи Себастијан.