Брегзит и Реформациите
Гардијан - Лондон
Идната година навршуваат 500 години од почетокот на Реформациите. Мартин Лутер на 31 октомври 1517 година на врата на црквата Сите свети во Витенберг остави 95 тези во кои високите црковни поглавари ги обвини за корупција. Повод било продажба на индулгенција, со која бил финансиран раскалашениот живот на свештенството и раскошни градежни потфати како што е црквата Свети Петар во Рим. Реформацијата се проширила во Европа како универзален протест против елитистичката филозофија и централизмот на католичката црква. Од тогаш потекнуваат и првите зачетоци на евроскептицизмот.
Оваа историја лесно се занемарува и препушта на протестантските екстремисти кои се уште се гневни на папата како антихрист. А кој се уште би размислувал на тоа во нашето време на секуларизација? Сепак, истражувањето на социологот Маргарете Шерер од Универзитетот Гете во Франкфурт покажува дека евроскептицизмот е пораширен во протестантскиот отколку во католичкиот свет. Тоа не треба да не чуди, бидејќи Реформацијата била пред се бунт против од внатре наметнат авторитет.
„Римскиот бискуп нема никакви надлежности во нашето англиско кралство‟ - гласи 37 од 39 членови во кои е теологијата на англиканската црква под врховно водство на монархот.
Предисторијата на овие настани е добро позната.
Под изговор за враќање на црковната моќ во земјата, кралот Хенри VIII искористил згодна прилика да го оспори авторитетот на папата. Во тоа не било ништо посебно чесно. Хенри не сакал да се покорува на наредбите на некој римски бискуп. Но, отфрлањето на авторитетот на Рим овозможило Библијата да се преведе од елитистичкиот јазик на Ватикан на народен јазик кој сите го разбирале. Инспирирани од својата новостекната моќ, протестантските интелектуалци го обновиле духот на демократијата.
Со секој следен обид на папата да го врати тоа за што верувал дека му припаѓа – заговорите, армадите и т.н., тврдоглавото инсистирање на англиската независност се подлабоко се вкоренувало во нашиот идентитет. Во католичките земји немало ништо што на сличен начин би го обликувале погледот на светот. Така кардиналот Винсент Николас може да изјави: „Католицизмот има долга традиција... верба во единство и заедништво. Затоа ставот на католичката црква кон иницијативи како што е Европската унија е позитивен‟. Секако, прашање е кој е надлежен за одржување на тоа „единство‟? За овој кардинал, барем теолошки, таа надлежност припаѓа на Рим.
Од друга страна, за многу граѓани на протестантските земји, ЕУ е продолжен, полусекуларен оддел на Светото римско царство, бирократско чудовиште кое со наметнување на канонското право ги голташе разликите и наметнуваше доктринирана униформност. Лутер го оспорил тој поредок и затоа отпорот на централизацијата во протестантската свест е силно изразен. Дури и Дејвид Камерон, кој ја прифаќа идејата за обединување, постојано повторува дека ни треба „реформирана ЕУ‟ - што значи помалку интегрирана, а попеќе супсидијарна заедница. Терминот супсидијарност потекнува од Теологијата, иако денес пред се се врзува за Џон Мејџор и досадните дебати за европското политичко устројство. Зборот се спомнува во Мастрихтскиот договор, а го оформил језуитскиот теолот Освалд фон Нел-Бројнинг како еден вид на одговор на Лутер – обид да се обедини најдоброто од двата света: локално каде е потребно, а централно каде што е нужно.
Но, еднаш освоеното не се враќа своеволно – било на господ ако сте папа, или на народот ако сте ЕУ.
„Мислам дека брегзит не би придонел за јакнење на Европа‟ - изјави во проевропски дух министерот за надворешни работи на Ватикан, бискупот Пол Галагер. На тоа се противат сите кои не сакат законите да им ги пишуваат странски сили, без контрола на домашниот парламент. Референдумот за Брегзит како да го обнови бунтовниот дух на Реформациите.
Ново на Сител
-
Мемеди: Намалена смртноста на детската клиника
-
Локалната најавува капитални проекти
-
Протести во Ореовец
-
Преглед на вестите од светот
-
ВО ЖИВО: Како да се заштити Скопје од криминалните банди?
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Компаниите и владата мора заедно да работат за дигитална трансформација
-
Четири јавни дебати за реформи на Судскиот совет