Џет-Сет
11. July 2016 - 12:42

Бредли ја расплака Ирина за време на финалето на Вимблдон

За време на машкото финале на тенискиот турнир Вимблдон во Лондон, на кое играа Енди Мареј и Милош Раониќ, актерот Бредли Купер и неговата девојка Ирина Шаек (30) се скарале на трибината.
 
Додека сите очи беа вперени во теренот, каде што Енди Мареј и Милош Раониќ се бореа за трофејот на Вимблдон, камерите ја овековечија караницата меѓу руската манекенка Ирина Шаек и американскиот актер Бредли Купер.
 
На снимката јасно се гледа како Бредли и префрла на Ирина, а таа гледа на друга страна и си ги брише солзите.
 
Познатиот пар се појави во кадар на неколку секунди, но тоа беше доволно сите да сфатат дека во рајот не цветаат рози.