Бразилско Министерство за одбрана: Пожарите во Амазонија не се под контрола

Бразилското Министерство за одбрана синоќа соопшти дека пожарите во Амазонија, кои траат 17 дена, се уште не се ставени под контрола.
Во меѓувреме се огласи и Кабинетот на претседателот Жаир Болсонаро, кој соопшти дека тој најверојкатно ќе го посети регионот Амазонија кон крајот на неделава.
Како што е наведено, Чиле и Еквадор понудија помош во авиони за гасење на пожарот.
Бразилската сојузна агенција соопшти дека ќе ги истражи наводите дека фармери во бразилската држава Пара на 10 август, кога избувнаа пожарите, повикале на „Ден на пожарите“.
Болсонаро вчера изјави дека спогодбата на Г7 за борба против пожарите во Амазонија овој регион го третира како колонија.
Францускиот претседател Емануел Макрон претходно објави дека Г7 се согласила да издвои 20 милиони долари за борба против пожарите, како и за долгорочната иницијатива за заштита на прашумата, пренесоа американските медиуми.
Макрон вчера, меѓу другото, го обвини Болсонаро за пожарите во Амазонија и повтори дека лаже во врска со промената на неговата политика кон климатските промени и сечата на шумата.
Болсонаро потоа кажа дека смешните и непотребни напади на Макрон за Амазонија се неприфатливи и го обвини дека регионот го третира „како да сме колонија“.
Ново на Сител
-

Андоновски: Целта е граѓаните што побрзо да ги почувствуваат придобивките од дигитализацијата
-

Марко Блажевски европски шампион - До титулата со доминантен настап во Италија
-

Клековски: Системот за рано предупредување за дроги ќе овозможи побрза заштита на здравјето на граѓаните
-

Ученик нападнал соученик со тврд предмет во основно училиште во Аеродром
-

Не застанал на полициска наредба, па со „мерцедес“ удрил полицаец
-

Радовишанец се заканувал на вработени во странска амбасада, заврши на психијатриско посматрање
-

Андоновски: Европската оценка е важна потврда за напредокот во дигиталната трансформација
-

Мицкоски: Продолжуваме со реформите за економски развој и подобар животен стандард
