Бразилски политичар удрил друг со стол за време на дебата
Еден од кандидатите за градоначалник на Сао Паоло, Бразил нападнал друг со столче за време на дебата.
Хозе Луиз Датена и Пабло Марсало се расправаа, а потоа Датена замавна со стол кон својот противник. Сè беше пренесувано во живо од ТВ Култура.
Подоцна, Датена изјави за ТВ Култура дека го нападнал Маршал затоа што изнел стари наводи за сексуално вознемирување против него, кои биле отфрлени пред неколку години.
-Дојде со предмет кој беше архивиран, кој полицијата не го ни истражуваше бидејќи немаше докази.
Нешто од пред 11 години што предизвика многу сериозна ситуација во моето семејство, изјави Датена.
Иако беше исфрлен од дебатата, тој во вчерашната изјава инсистираше дека не се кае за своите постапки, пишува Си-Ен-Ен. Маршал беше примен во болницата Сирио Либанес.
Неговиот тим соопшти дека тој бил примен во болница со можна фрактура во пределот на градниот кош и дека има потешкотии со дишењето.
Од болницата велат дека се здобил со повреди на градниот кош и зглобот, но дека нема поголеми компликации.
Ново на Сител
-
Црн чад над Сикстинската капела во Ватикан
-
ПМФЛ: Шкендија со триумф над Работнички ја обезбеди шампионската титула
-
Започна конклавата за избор на нов папа
-
Пронајден починат маж во Бутел
-
Николски за заемот од 6 милијарди евра: Делот за тоа колку ќе се задолжиме е погрешно пренесен
-
Учество на министерот Муцунски на неформалниот состанок во GYMNICH формат
-
Во првиот квартал извоз во вредност од 1 928.6 милиони евра
-
ЕУ ги повика Индија и Пакистан да покажат воздржаност