Фудбал
13. јуни 2016 - 9:33

Бразил со рака елиминиран од Копа Америка

Фудбалерите на Бразил ги завршија натпреварите на Копа Америка откако во решавачкиот меч се поразени од Перу со 1-0.

На средбата во Масачусетс беше постигнат контроверзен гол со рака од страна на Раул Рудијас во 71. минута од мечот. 
На кариоките инаку им беше потребен бод за пласман во следната фаза.
Ова е прва победа на Перу против Бразил во новиот век односно од 1985 година. 
Во вториот меч Еквадор убедливо со 4-0 го совлада Хаити. 
Во 1/4 финалето ќе играат  Еквадор-САД и Перу - Колумбија. 
https://