Фудбал
11. November 2016 - 9:20

Бразил без проблеми ја совлада Аргентина

Во натпревар од 11.коло од квалификациите за СП 2018 од јужноамериканската зона репрезентацијата на Бразил во Бело Хоризонте без проблеми ја совлада Аргентина со 3:0. Стрелци на головите беа: Кутињо 24 минута, Нејмар 45 и Паулињо 59.

На другите натпревари беа постигнати следниве резултати: Уругвај - Еквадор 2:1, Парагвај - Перу 1:4, Венецуела - Боливија 5:0 и Колумбија - Чиле 0:0.
Табела: Бразил 24 бодови, Уругвај 23, Колумбија 18, Еквадор 17, Чиле 17, Аргентина 16, Парагвај 15, Перу 14, Венецуела 5, Боливија 4.

Ново на Сител