Македонија
18. July 2022 - 13:00

Братот на Мартин: Не можам да си одам дома без брат ми, потрагата е прескапа, потребна ни е помош | ВИДЕО

Веќе 10 дена трае потрагата по исчезнатиот Македонец, 31-годишниот Мартин Јовановски, кој беше повлечен од морските струи на Халкидики.

Неговиот брат Горан пристигна од САД со сопругата и неговото дете за да се приклучи во потрагата.

Горан испрати апел до грчката Влада да се вклучи во потрагата затоа што истата е премногу скапа.

„За жал нема резултат. Заглавени сме во друга држава, но не можам да си заминам без брат ми. Потрагата е прескапа затоа што се изнајмуваат чамци и подводни дронови“, вели Горан.

Братот на Мартин испрати апел и до локалното население да се вклучи во потрагата по исчезнатото момче од Македонија.