Братот на исчезнатиот Мартин: Потрагата ќе заврши денес, апел до МНР и Владата да најдат начин да продолжи
Четврти ден од потрагата по третиот исчезнат Македонец, Мартин. На социјалните мрежи се огласи неговиот брат, Горан Јовановски кој побара помош од македонското Министерството за надворешни работи и Владата.
„Јас сум братот на Мартин и упатувам благодарност до ОФКАТ екипата спасувачи од Грција и до Генералниот конзулат во Солун, кој изминативе три дена се заедно со нашето семејство во потрага по нашиот Мартин. Мојата мајка и нашето семејство и пријатели сè уште веруваме и се надеваме дека Мартине е жив и ја чека нашата помош. Затоа апелираме до Македонската Влада и нашето МНР да помогнат да се најде начин да продолжи истрагата по Мартин бидејќи според грчките закони потрагата од нив ќе заврши денеска на четвртиот ден. Затоа апелираме Владата да помогне и молиме македонските граѓани да помогнат доколку се во можност, а за чија помош би можелка Владата да организира некаква акција. Не смееме да дозволиме да се откажеме сè додека не се пронајде Мартин“, напиша Горан.
Ново на Сител
-
Во Струмица повторно активиран прагот на алармирање за загадениот воздух
-
Мехмедовиќ: ХМПВ не е нов вирус и нема потреба за загриженост
-
Груби доби отказ од тетовскиот државен универзитет
-
Интерпелациите во петок на седница, Мицкоски вели нема да успеат
-
ДУИ со стара реторика – Ќе го бранат албанскиот јазик со сите можни механизми
-
ДЗС: 3,5% инфлација во 2024 година
-
Штрајк на вработените во државното правобранителство
-
Преглед на вестите од светот