Македонија
19. јуни 2023 - 16:32

Бранко Црвенковски со нова иницијатива за европска перспектива на регионот

Поранешниот престедател Црвенковски не верува дека во наредните пет или седум години Македонија ќе стане членка на Унијата. Им порачува на актуелните политичари да не ја подгреваат јавноста дека ќе има брза интеграција, бидејќи преговорите уште не се ни почнати. Според него проблем не е само Бугарија, туку ЕУ која не е расположена за проширување, што стана јасно уште пред 4 години кога Франција ја воведе новата методологија за земјите од Западен Балкан.  

Во ваква ситуација на статус-кво, кога ЕУ и Западен Балкан се само на ниво на ветувања без видлив напредок во процесот на пристапување, Црвенковски предлага иницијатива за пристап до заедничкиот пазар и до европските фондови, но не како замена за полноправно членство,туку само како преодна фаза. Тој очекува оваа иницијатива да ја прифатат и останатите земји од регионот и да ја презентираат пред ЕУ.

Експретседателот иницијативата ја промовирапше пред советот на амбасадори на дебата посветена на регионалното поврзување и пристапување кон ЕУ.