Бран оставки во австриската политика
– Вчерашниот ден го одбележаа неколку оставки на политичари на високи функции во Австрија.
Прво лидерот на Народна партија на Австрија (ОВП), поранешниот канцелар Себастијан Курц соопшти дека се повлекува од политиката. Курц успешно ја водеше ОВП и на минатите избори во 2019 година освои 37 проценти од гласовите. Курц на 9 октомври се повлече од функцијата канцелар откако беше обвинет за поткуп, корупција и нарушување на довербата.
До вчерашната најава на Курц се шпекулираше дека по завршувањето на истрагата против него тој може да се врати на политичкиот врв.
Неколку часа по Курц, и австрискиот канцелар Александар Шаленберг изјави дека се повлекува од функцијата, на помалку од два месеци по преземањето на должноста.
Оставката на конзервативниот политичар Шаленберг најави сериозни превирања во врвот на австриската политика, а особено во конзервативната Австриска народна партија (ОВП), коментира ДПА.
По Курц и Шаленберг, и министерот за финансии Гернот Блимел синоќа најави дека поднесува оставка.
Блимел се води како еден од обвинетите покрај Курц во истрагата за проневера и поткуп, поврзана со нарачување наводни лажни истражувања.
Австриските медиуми шпекулираат дека ОВП не сака да чека да види дали ќе се појават уште онлајн разговори кои дополнително би можеле да го оптоварат Блимел.
Во Австрија се шпекулира дека министерот за внатрешни работи Карл Нехамер би можел да ја преземе функцијата лидер на ОВП, но и како канцелар и министер за финансии.
Во австриската Влада може да дојде до дополнителни промени, бидејќи се споменува дека Нехамер би можел да ги замени министерката за економија Маргарета Шрамбек, министерката за земјоделство Елизабет Кестингер и министерката за интеграции Сузана Раб, членки на владата кои биле многу блиски со Курц.
Ново на Сител
-
Новиот државен секретар Рубио потврди дека САД ќе работат на ставање крај на војната во Украина
-
Раст на фјучерсите на американските берзи по новите укази на Трамп
-
Ѓоковиќ ќе го предадеше мечот со Алкараз доколку го загубеше вториот сет
-
Мицкоски во Вашингтон присуствувал на на свеченоста „Гласови на слободата“ и остварил бројни средби
-
Украина работи на одржување средба меѓу Зеленски и Трамп
-
Лазаров за ремито со Австрија: Горд сум на моите ракометари
-
Капитенот Кузмановски донесе реми во последните секунди на натпреварот Македонија-Австрија
-
Собранието го донесе Законот за заштита на децата, прифатени само два амандмани