Брамерц: Трибуналот работеше непристрасно
Хашкиот трибунал со своите пресуди напиша голем дел од историјата на конфликтите во поранешна Југославија, покажа дека својата должност ја изврши независно, непристрасно и без оглед на националност и религија, воден само од доказите и правото, изјави главниот обвинител на Хашкиот трибунал Серџ Брамерц за „Вечерње новости“ по повод затворањето на судот.
- Мислам дека правдата е остварена преку постапки, но секогаш велам дека ова прашање треба да им се постави на жртвите, додаде Брамерц.
Тој вели дека е задоволен од работата на обвинителството и резултатите на Трибуналот за изминатите 24 години работа.
Во однос на прашањето зошто повеќе Срби се осудени, тој одговара дека тие се бореле во Хрватска, Босна и Херцеговина и на Косово и дека „српските власти направиле страшно етничко чистење на сите тие места“.
- Доколку се прифати овој основен факт, тогаш воопшто не е за изненадување што Трибуналот осуди повеќе Срби. Ако тој факт не се прифати, што најверојатно е случај кај српските власти и во јавноста, тогаш навистина се работи за одбивање да се прифати вистината, нагласи Брамерц.
Ново на Сител
-
Тешко повреден параглајдерист во Крушево се пренесува со полициски хеликоптер во Скопје
-
Кривична против 14-годишник од Куманово, извршил шест тешки кражби во приватни имоти
-
Жена од Гостивар физички го нападнала своето 4-годишно дете
-
Дмитриев: За постигнување мир во светот мораме да ги исправие грешките на Бајден
-
23-годишник под истрага за илегално држење и продавање марихуана
-
Делчево добива Центар за услуги – дел од националниот портал за дигитални услуги
-
По два дена нормализирано водоснабдувањето во Тетово
-
Дубровник најбезбеден туристички град во Европа