-->
-->
Браќата Ел Бакрауи се камиказите што се разнесоа на аеродромот во Брисел
-->

Браќата Калид и Брахим Ел Бакрауи се двајцата бомбаши-самоубици то вчера наутро се саморазнесоа со експлозив на Националниот аеродром Завентем во Брисел во кој 14 лица го загубија животот, а 100 се повредени, јави утринава националната франкофонска телевизија „РТБФ“.
Браќата Ел Бакрауи се од Брисел, а истите заедно со третиот осомничен што во последен момент го соблекол елекот со бомби и побегнал од аеродромот и по бого интензивно се трага, пристигнале на аеродромот со такси-возило, што го потврдил и возаот на истото кој е сега клучен сведок. Токму таксистот и ги одвел белгиските истражни органи во бриселската населба Скарбек, каде терористите се качиле во таксито, а каде белгиската полиција подоцна во стан пронајде уште една бомба и знаме на т.н. „Исламска држава“.
Според ТВ „РТБФ“, браќата Калид и Брхаим Ел Бакрауи и биле од претходно познати на полицијата за организиран криминал, но досега тие не биле обвинети или осомничени за акт на тероризам. Според истрагата, еден од браќата, Калид, под лажен идентитет изнајмил стна на улицата „Ру де Дри“ во населбата Форест во Брисел каде минатата недела беше уапсен еден од најбараните светски терористи, Салах Абдеслам, кој директно учествуваше во терористичките нашади што во неомври минатата година се случија во Париз, Франција.
Инаку, изминатата ноќ во Брисел беше мирна, а белгиската полиција интензивно трагаше по можни осомничени што наводно имаат намера да извршат нови терористички напади. Проблематичните бриселски населби Моленбек-Сен Жан, Андерлехт и Скарбек беа мета на темелни претреси, но утринава нема информација за нови уапсени, освен за едно лице што во текот на вчерашнито ден беше уапсено во Скарбек.
Од денеска во целото Кралство Белгија почнува тридневната жалост за вкупно 31 загинат и 230 повредени од двата симултани терористички напади на аеродромто Завентем и во метрото на метро-станицата Малбек во европската област во Брисел.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Македонија ќе биде домаќин на состанокот „Брдо-Бриони“ во октомври
-

УХМР: Утре пороен дожд, грмежи и локално невреме
-

Милановиќ одби да даде согласност за новиот израелски амбасадор во Хрватска
-

Зеленски: Рускиот ноќен напад врз Днепар траеше повеќе од шест часа
-

Брат ја пронашол почината својата сестра во стан во Аеродром
-

Холандија најбезбедна држава за патување во 2026 година
-

Сали: Правосудниот испит и сите испити поврзани со него во иднина ќе се полагаат и на албански јазик
-

Владата: Институциите активно работат на изнаоѓање решенија што ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со Законот за употреба на јазиците
