БРАЧНИ ИГРИ
Популарната турска актерка се враќа на малите екрани. Лејла од „Кога лисјата паѓаат“ во нова и возбудлива продукција, адаптација на прочуената британска серија „The Split“.
Во центарот на случувањата овојпат се жените од едно прочуено адвокатско семејство, кои се занимаваат со судски спорови и разводи на богати и моќни истанбулски семејства. Азра е успешна жена и мајка која повеќе од било што, верува во семејството, но сега е соочена со најголемото предавство кое ќе ја натера да ја донесе најтешката одлука. Да го сочува сопственото семејство или сопственото достоинство.
И покрај целото нејзино професионално искуство, доаѓа денот кога Азра нема да биде подготвена да се соочи со сопствениот развод, па девојката ќе стане растргната токму меѓу непријатниот развод кој следува, новата љубовна врска која ќе ѝ врати стари спомени и жестокото деловно ривалство со својата мајка.
Интригантни семејни односи и правни разрешници со сензационални заплети во современата драма „Брачни игри“.
Ново на Сител
-
И утре посвежо со локален пороен дожд, од петок затоплување
-
Нa „Табановце“ и „Богородица“ за излез од земјава се чека 30 минути
-
Мизрахи: Разрешени девет директори во клиничките болници
-
Деновиве ќе биде соопштено од кои учебници ќе се учи во седмо
-
МАЕИ: Се подготвува декларација за непризнавање на пописните резултати
-
Коце Трајановски назначен за в.д. директор на Јавното претпријатие за државни патишта
-
Изминатото деноноќие гореле камион, шупа, трева, депонии...
-
Молњи предизвикаа два шумски пожари на Тасос