Бозкир: Неопходно е Турција и Русија да ги обноват односите
Турција и Русија треба што е можно побрзо да го обноват билатералните односи на претходното ниво, без да им нанесуваат сериозна штета, изјави денеска турскиот министер за Европската унија Волкан Бозкир, пренесе ТАСС.
- Неопходно е двете држави што е можно побрзо да ги вратат своите односи на патот на добрососедството, без да им нанесуваат сериозна штета, изјави министерот за телевизијата Си-Ен-Ен-Турк.
- Нам ни се вредни односите со Русија. Турција нема вина за она што се случи (со рускиот авион Су-24).
Според Бозкир, промената на реториката на адреса на Турција од страна на руската држава ќе придонесе за намалување на тензиите меѓу Анкара и Москва, кои се заострија откако турските воздухопловни сили на 24 ноември соборија руски бомбардер Су-24, наведува ТАСС. Според Анкара, авионот го нарушил воздушниот простор на Турција во регионот на границата со Сирија. Министерството за одбрана на Руската Федерација тврди дека Су-24 М се наоѓал исклучително над сириска територија и немало нарушување на воздушниот простор на Турција.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра