Божиновска: Нема да има никаква криза, државата има резерви на мазут

Нема да има никаква криза, државата има резерви на мазут, рече денеска министерката за енергетика Сања Божиновска и информира дека барањето на ЕСМ за прогласување кризна состојба ќе се разгледува на утрешната владина седница.
Како што информира Божиновска, одговорајќи на прашања по денешниот брифинг со новинарите, државните резерви ќе го снабдат ЕСМ со мазут.
- ЕСМ поднесе писмо до Владата, тоа ќе се разгледува утре на владина седница. Утре ќе дискутираме и ќе знаете утре што ќе се договориме на Влада. Нема да има никаква криза, за граѓаните тоа нема да значи ништо бидејќи државата има резерви на мазут. Тоа значи ако знаете дека има протести со Грците и повеќе 30 дена има неможност да се набави мазут, тоа значи дека државните резерви ќе го снабдат ЕСМ со мазут. Нема да има никакво влијание на снабдувањето. Постои мазут во државата, ако не го земат од Грција, ќе го земат од резервите, истакна Божиновска, одговорајќи на новинарско прашање дали има проблем со набавка на мазут и дали ќе биде прогласена кризна состојба.
Министерката очекува до крајот на неделава МЕПСО да го финализира изборот на фирмата што ќе го прави далекуводот со Албанија и да го потпише договорот.
-До крајот на неделата ќе биде потпишан. МЕПСО сигурно ќе информира со повеќе детали, но колку што јас имам сознанија се е завршено, се чека само на официјален потпис, напомена Божиновска.
Информира и дека има нов директор на „Номагас“, како и дека потпишаниот Договор е на 22 месеца.
-Гледаме се да биде како што треба. Бевме и во Србија на билатерален состанок, таму разговаравме за Србија - Македонија, имаме 23 километри, заедно ќе настапиме, ќе видиме за финансирање за Светска банка. Очекуваме до крајот на 2027 година да биде завршено, ќе се транзизитира Грција - Македонија - Србија, рече Божиновска.
Нагласи и дека поврзувањето на енергетските пазари е предвидено за 2027 година, па во 2026 година кај ниту една членка на Енергетската заедница нема да има спојување на пазарите.
МИА
Ново на Сител
-

Жител на Идризово обвинет дека со закани барал пари од поранешен партнер на неговата ќерка
-

МЗ: Новиот предлог-закон за заштита од пушење предвидува забрана за рекламирање, промоции - приоритет е заштитата на децата
-

Официјално: Четири македонски спортисти на ЗОИ 2026
-

Кушнер во Давос ги претстави плановите за реконструкција на Газа
-

Годинава и лицата со оштетен слух ќе можат да уживаат во песните на Евровизија
-

Нови 2.062 случаи на грип, сезонава три лица починати со грип
-

Сослушани сведоци на судењето за случајот „Онкологија“
-

Клековски: Во март следува уште едно зголемување на платите во јавното здравство
