Божиќна литургија во Делчево

По повод Христовото раѓање – Божик, утрово во црквата „Успение на Пресвета Богородица” во Делчево се одржа света божествена литургија. Честитајќи им го големиот празник со зборовите „Христос се роди” од делчевското свештенство кон верниците и сите граѓани упатија богопослание за мир и благослов во домовите.
-Христовото раѓање е матица на сите други христијански празници, бидејки со Божик започнува и новата ера. Со рождеството на Витлеемскиот богомладенец се објави неповторлива радост за светлина, светлината на разумот и се благослови вистината дека Бог од љубов се роди како човек и како богочовек. Во Синот Божји го гледаме образот на совршениот човек и преку него ни се откри смислата на постоењето на човекот и светлината, истакнаа во својата беседа кон присутните од свештенството во Делчево.
![]()
Божик е ден кога се покажува љубов и кога треба да се однесуваме пријателски дури и кон непријателите, додадоа од Црквата.
-Токму поради ова наша должност е во секој човек да гледаме со Христовите очи, да покажуваме љубов, да бидеме страдални, да се молиме да помагаме, да ги благословуваме дури и оние што се однесуваат непријателски, но и да се радуваме со Господа и не само во збор да се именуваме како Христијани, туку да го покажеме тоа и со нашите дела, додадоа меѓу другото делчевските свештеници.
На Богослужбата присуствуваа голем број верници кои се помолија за свое здравје и здравје на своите најблиски.
![]()
Синоќа на Бадник во кругот на семејствата насекаде во Пијанец се служеше Бадникова вечера на која се кршеше лепче со паричка. На оние на кои им се падна паричката, се верува дека ќе бидат среќни во текот на целата година. Божиќните богослужби, како што најавија од црквата „Успение на Пресвета Богородица“ ќе продолжат во текот на наредните два дена.
Ново на Сител
-

Клековски: За Михаилова нема постапка за лекување во странство, се врши надзор во нејзината здравствена документација
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Синдикалната кошница над 70.000 денари, Ристески: најголем дел од населението зема плата околу просечната
-

Кривична против Јани Макрадули – Штета во Пошта од близу 11 милиони денари
-

Нови 100 амбулантни возила за цела Македонија
-

Нова понуда за професионалните војници – До пензија да останат во АРМ
-

Oдложено рочиштето за Државна лотарија поради отсуство на сведокот на обвинителството
-

Правосуден испит на македонски јазик
