-->
-->
Ботас најбрз по првиот тренинг за британското Гран При
-->
Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас го забележа најдоброто време во денешната прва слободна тренинг сесија за в недела на британското Гран При, петтото коло од сезоната 2020 во Формула 1.
Втората последователна трка се одржува на патеката „Силверстон“ овој викенд, како резултат на промените во календарот предизвикани од пандемијата на коронавирус.
На втората позиција остана минатонеделниот победник на „Силверстон“ и лидерот кај возачитем Луис Хамилтон.
Големата sвезда на Мерцедес забележа за 0,138 секунди послабо време од својот тимски колега.
Лидерот на Ред Бул, Макс Верстапен е сè уште најдобриот од другите и очекувано остана со трет резултат.
Сепак, Холанѓанецот е далеку од темпото на двата автомобили Мерцедес и заостана за 0,727 секунди.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници