Бошњаковски за грчка ТВ: Прифатлив е терминот „Македонец“ и за двете земји

Според договорот, Македонија и Грција го прифаќаат терминот „Македонец“ во двете земји согласно со културите на двете страни, вели портпаролот на македонската Влада Миле Бошњаковски за грчката телевизија „Епсилон“, на прашањето дали граѓаните во Македонија ќе се нарекуваат Македонци или граѓани на Република Северна Македонија.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, Бошњаковски објаснува дека според членот 7 од договорот, двете страни се согласни што значи терминот „Македонец за Грција и за нас, но и дека во нашите пасоши се одредува државјанството кое ќе биде заведено како „Macedonian/citizen of Republic of North Macedonia“.
- Перспективата дека во Грција постојат луѓе кои се чувствуваат како Македонци припаѓаат на еленската култура е 100 отсто прифатлив за нас. Во истиот член, грчката страна прифаќа дека постои момент кога термините „Македонец“ и „Македонија“ се прифатени за нашата култура, што е целосно различна од вашата култура. Ова е основата на договорот и јас не гледам никакви точки на конфликт, објаснува владиниот портпарол за грчката телевизија.
Ново на Сител
-

МВР: Пожарот настанал во една од халите на фабрика за текстил во Радовиш, нема повредени
-

Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, деветмина возеле без возачка дозвола
-

Четири лица лишени од слобода за семејно насилство, вкупно пет пријави во последното деноноќие
-

Малолетничка со породилни болки донесена на Клиниката за гинекологија, мајката е приведена
-

Папата Лав XIV лично ќе ја претстави својата прва енциклика за вештачката интелигенција
-

Жолт метеоаларм во Париз поради топлотниот бран, Велика Британија пред соборување три рекорди
-

До крајот на неделата претпладне сончево, попладне дожд и засилен ветер
-

Шампионска титула за МЗТ Скопје Аеродром
