Бошњаковски: Посетата на папата е афирмација на меѓународната позиција на земјата
Посетата на поглаварот на Римокатоличката црква е индикатор за забрзување на интеграцијата на нашата земја, наскоро како членка во НАТО и кон полноправно членство во Европската унија, изјави денеска на прес-конференција во Владата нејзиниот портпарол Миле Бошњаковски, нагласувајќи оти наскоро најверојатно уште следната недела ќе бидат објавени податоците за тоа колку чинела посетата на папата на Република Северна Македонија.
– По речиси три децении ги утврдивме позициите на нашата земја кои сумирани во една реченица би гласале Северна Македонија членка на НАТО со отпочнати преговори за влез во ЕУ станува активен и рамноправен дел од развиениот западен демократски свет, рече Бошњаковски.
Нагласи дека се бесценети придобивките што оваа посета и ги донела на Северна Македонија и нагласи оти финансиските трошоци ќе бидат објавени веднаш откако ќе бидат спакувани и подготвени, додавајќи дека не може да прецизира точно кој ден тоа ќе се случи.
Портпаролот на Владата потенцира дека посетата на папата имала државнички, но и верски карактер, била меѓу највисоките посети од нашата независност, поминала беспрекорно, а пораките што ги испратил поглаварот на Римокатоличката црква преку медиумите допреле до целиот свет.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Кирил Михаилов, заменик директор во Национални шуми
-
ВМРО-ДПМНЕ го осуди настанот
-
Раста уапсен во Охрид, не стигна да настапи со Џејсон Деруло
-
Повторно гори кај Желино: Состојбата на другите места ширум државата е стабилна
-
Министерот за спорт барал Младинската олимпијада да не се одржи во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: За Кочани прашајте го Коцевски
-
СДСМ: Има ли Алказар Енерџи одобрение за изградба
-
Осуммина повредени од трагедијата во Кочани се уште во болница