Бошњаковски: Ќе се овозможи професионално и непартиско раководење на МРТ и АВМУ

Владата на Република Македонија нема никаква поврзаност со изборот на директорот на Македонската радио телевизија. Овој избор е одлука на Програмскиот совет на МРТ кој се уште функционира во стариот состав, а граѓаните на Република Македонија добро знаат кој членува во тој состав, на кој начин работеше и под чии влијанија, истакна денеска на прес-конференција портпаролот на Владата на РМ Миле Бошњаковски.
- Веднаш по усвојување на новиот закон за аудио аудиовизуелни услуги ќе се овозможи професионално непартиски нови раководни позиции и во Македонската радио телевизија и во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги (АВМУ). Тоа значи дека овој избор на важност се додека не го усвоиме законот, рече Бошњаковски.
Со ова, рече тој, ќе се прекине нетранспарентноста и партизацијата на МРТ и на Агенцијата. Новиот закон се очекува да помине на владина седница до крајот на неделава.
Ново на Сител
-

Земјоделците (не)задоволни од новите построги правила за субвенции
-

Тема на денот со Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ
-

Владата избра 9 нови амбасадори
-

Советот на јавни обвинители даде позитивно мислење за четворица кандидати за државен јавен обвинител
-

Вонреден инспекциски надзор во Правда, бараа објаснување за полагање на правосудниот испит
-

Уставен пред комплетирање - се чека изборот на нови судии за одлука за Законот за јазици
-

Протест на ССМ пред Владата
-

СДСМ обвинува дека Мицкоски го користел владиниот авион приватно, Владата демантира
