Спорт плус
9. August 2017 - 9:50

Босе го освои златото на 800 метри на СП во Лондон

Французинот Пјер-Амброз Босе го освои златниот медал на 800 местри на СП во атлетика што се одржува во Лондон

Тој финале на 800 метри двата круга околу „Олимпискиот стадион“ ја мина за 1:44.67 минути. Сребрениот медал e за Адам Кшчот од Полска, а бронзата патува за Кенија на градите на Кипјегон Бет. 

 
Вејд ван Никерк од Јужна Африка е старо-нов светски првак на 400 метри, откако на Мундијалот во Лондон истрча 43.98 секунди. Овој резултат беше најдобар оваа сезона и за 43 стотинки подобро време од Стивен Гардинер од Бахамите, кому му припадна среброто.
 
Абделах Харун од Катар го освои бронзениот медал со резултат 44.48 секунди, што е негово најдобро постигнување оваа година.