Балкан
5. September 2017 - 13:00

Босанец работел како трезорист и ја "олеснил" банката за 270.000 марки по рецепт на холивудски крадец!

Против лице со иницијали С.Ц. (40) од Осмак поднесен е извештај во окружното јавно обвинителство Бјелина порадо сомнеж дека противправо присвоил 270.000 КМ, извршувајќи работа на трезорист во банка чија филијала се наоѓа во Зворник, соопштено е денес од Полициската управа Зворник.

С.Ц. е осомничен дека во 2014. година противправно присвоил пари од трезор кој му бил поверен на работа, каде при контрола е утврден недостаток на пари.

Осомничениот поднесувал неточни дневни извештаи за состојбата на парите во трезорот и благајна, внесувајќи во извештаите неточни податоци и заверувајќи ги со печат од банка.

Тој е осомничен за кривично дело проневера и фалсификување или уништување на службени документи.