-->
-->
Борко Ристовски од Кретеј во Рајн Некар Ловен
-->

Голманот на ракометната репрезентација на Македонија Борко Ристовски од францускиот лигаш Кретеј ќе замине во редовите на Рајн Некар Ловен во Бундес лигата. Ова значи и еден вид враќање на Ристовски во Бундес лигата од 2012 до 2014 година (по ЕП во Србија) бранеше во Гумерсбах.
Тој вечерва за полседен пат ќе биде во составот на француската екипа на дуелот против Сесон, а веќе во текот на викендот ќе може да биде на располагање на РНЛ.
Оваа екипа вчера во раките на Б групата од лигата на шампионите постигна победа против Монпеље (25:21). Инаку, според Ристовски двата клуба се договориле за негов трансфер.
Рајн Некар Ловен е лидер во Бундес лигата (13 победи на 13 натпревари).
Ристовски право на настап во Лигата на шампионите ќе има дури по ЕП во Полска односно во јануари 2016 година. Тоа значи дека ќе може да брани против Вардар на почетокот на февруари (10-14.02.2016), како и на гостувањето на РНЛ кај Барселона и колегата од репрезентацијата Кирил Лазаров (02-06.03.2016).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Путин 4,5 часа одговараше на политички, но и на лични прашања
-

Милановиќ: Хрватска треба да го гледа својот интерес и да не се пука во Коалицијата на подготвените
-

Најмалку тројца загинати при нападот во Тајпеј
-

Сопственикот на TикТок во Кина ја предава мнозинската контрола врз апликацијата на американски инвеститори
-

Првообвинетиот за убиството на турскиот државјанин во Штип призна вина
-

За Бериша Парламентот не постои и најави штрајкови со глад
-

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица
-

Мицоски: Не сум човек што сака цензурирање или закани, за мене Македонија е свето име
