Борисов: Со вакво темпо на вакцинирање од 1 март во Бугарија ќе се отворат рестораните и салите
Во Бугарија досега се вакцинирани речиси 150. 000 граѓани, за само еден ден вчера се имунизирани над 17.000 лица, а повеќе од 200.000 пациенти заздравеле од Ковид-19.
-Со оваа стапка на вакцинација и овој штит од 350.000 луѓе што го имавме пред пандемијата, на 1 март ќе бидат отворени рестораните и салите за игри на среќа, а ноќните клубови ќе бидат отворени на 1 април, изјави денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов, по редовниот состанок на владата, јави дописникот на МИА од Софија.
Премиерот му нареди на министерот за здравство, Костадин Ангелов, на денешниот состанок со сопствениците на рестораните и другите угостителски објекти да разговара за неопходните активности во врска со нивната подготвеност да ги отворат вратите од 1 март.
Во овој контекст, премиерот на Бугарија истакна дека вакцинацијата треба да продолжи со сегашното темпо, а обезбедените мобилни тимови за оддалечените населби треба да продолжат со имунизацијата, бидејќи тоа е начин секторите затворени од пандемијата повторно да почнат со работа под одредени услови и капацитети.
-Во Бугарија, со строго почитувани мерки, и истовремено со најлибералните во Европа, покажуваме резултати што на луѓето им овозможуваат да живеат нормално. Бугарите не чувствуваат дека постои пандемија, како и во другите европски земји. Значи, да продолжиме на овој начин, рече бугарскиот премиер Бојко Борисов.
Ново на Сител
-
Муцунски на средба со Рубио
-
Тема на денот со Љупчо Димовски, претседател на СПМ и вицепремиер
-
Андоновски и Перински во работна посета на Естонија
-
Почна судењето за случајот„Адитив“ – ниту еден од обвинетите не чувствува вина
-
Вработени во Општата болница Прилеп осомничени дека украле над 2,2 милиони денари
-
Дали Весна Дамева смеела да гласа за нов претседател на Врховниот суд?
-
Пратенички прашања во Собранието, Трајко Славески ја превзема функцијата Гувернер на НБРМ
-
Мицкоски: Нема да мрднам ниту милиметар додека не видам македонци во бугарскиот Комитет за малцинства