Борисов: Се надевме дека С.Македонија ќе биде дел од НАТО и ЕУ

Се надеваме дека ќе ја видиме Република Македонија, како во НАТО, така и во Европската унија, и на тоа работиме сите.
Ова го кажа бугарскиот премиер Бојко Борисов во врска со изјавата на претседателот Стево Пендаровски во интервјуто за БГНЕС дека Бугарија помогнала за евроинтеграцијата на С.Макеоднија и за отстранување на нејзината меѓународна излолација.
Според Борисов, оценката на Пендаровски за политиката на Софија кон Скопје е како добиена највисока оценка од „Стандард и Пурс“. (Агенцијата „Стандард и Пурс“ деновиве го подигна кредитниот рејтинг на Бугарија, кој во моментов е највисок меѓу балканските земји).
– Тоа е да и помогнеме на една наша соседна држава, и самиот претседател да признае дека ги извлековме од изолација, затоа што направивме огромен напор за ова. Сакам да му се заблагодарам на Пендаровски преку БГНЕС за тоа го кажа, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов.
Ново на Сител
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Тема на денот со д-р. Драган Даниловски, епидемиолог
-

Центар за управување со отпад против еколошкиот хаос
-

Преглед на вестите од светот
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Дали исходот на претседателските избори во Бугарија може да влијае на односите со Македонија?
-

Масовни протести и немири и денеска ја тресат Европа
-

Предупредувањата на премиерот треба да се сфатат сериозно - велат експертите
