Борисов: Остварен е напредок во поврзаноста на Западниот Балкан

Напредокот во иницијативите за зголемување на меѓусебната поврзаност на Западниот Балкан е едно од постигнувањата меѓу приоритетите на бугарското претседавање со ЕУ, што се однесуваат на европерспективата на регионот, изјави денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов на средба со потпретседателот на Европската комисија, Марош Шефчович.
Како што соопшти прес-службата на бугарската Влада, на средбата било изразено заедничко мислење дека унапредувањето на регионалната соработка и енергетската интеграција на регионот се важни за воспоставување безбеден, добро функционален и достапен енергетски систем.
Борисов ја истакнал и важноста на изградба на гасниот центар „Балкан“, кој е дел од политиката за интеграција и развој на слободен и конкурентен пазар на гас во Југоисточна Европа. Бугарскиот премиер посочил дека преку овој балкански проект ќе се гарантира либерализацијата на енергетските пазари и ќе има достапна енергија за потрошувачите.
За време на средбата со Шефчович бугарскиот премиерот исто така навел и дека како претседавач со Советот на ЕУ, Бугарија ќе ги продолжи активностите за постигнување на стабилна Европска енергетска унија и позитивни резултати во приоритетните теми во областа на енергетиката.
Ново на Сител
-

Протест со барање да се вози без возачка дозвола
-

Крмзов седна на обвинителна клупа, одговара за даночна измама
-

Обвинителството отвори предмет за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД
-

Мицкоски: Да се воздржиме од коментари додека трае истрагата
-

ССМ поднесе иницијатива за намалување на функционерските плати за 80%
-

Занаетчиите против минималец од 600 евра – ќе има отпуштања и клуч на врата
-

ЕБОР го откочи процесот за БРТ: Колку нови автобуси ќе има за скопјани?
-

Одбележани 154 години од раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев
