Борисов: Гласав за промена на промената
Треба да размислиме што зборуваме за да не го прекршиме законот, изјави рече поранешниот премиер на Бугарија Бојко Борисов, кој традиционално гласа во Банкаја.
– Многу е важно да ја промениме „промената”. „Промената” ни донесе најскапа струја – 300-350 лева, сакаме да ја вратиме на 80 лева. Починатите во последните 14 дена не донесоа на првото место по смртност во целиот свет, рече Борисов.
– Сакаме да ја запреме промената секој понеделник да се влече по половина милијарда и да не знаеме за што е тоа. Со сета нивна дрскост утре ќе направат уште половина милијарда лева долг, рече лидерот на ГЕРБ.
– Сите инфраструктурни проекти се замрзнати, северот и северозападот се осудени на пропаст. Земјоделството е на дното, нема субвенции, додаде тој.
– Сакам двојно да ги золемам платите на лекарите и медицинските лица, сакам да продолжам да ги зголемувам платите на наставниците, додаде тој.
– Промената на промените е исклучително важна! Ние сакаме демократија. Никој да не кажува што ќе прави додека не завршат изборите. Кој е колку е добар кажува бугарскиот народ!, изјави Борисов
Ново на Сител
-

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
