Loading Video...
Балкан
9. September 2023 - 16:26

Борис Тадиќ предупредува на несоодветна политика на ЕУ кон западен Балкан

Пага поддршката за ЕУ во земјите од западен Балкан, а за тоа е виновна политиката на ЕУ, вели поранешниот српски престедател Борис Тадиќ.  Процесот на проширувањето не се менаџира како што треба, постојани блокади, одложувања, контрадикторни изјави и идеи за датуми и рокови кои досега не се почитувале. Сето ова ја руши довербата во кредибилтетот на ЕУ, а тоа се гледа  и на македонскиот пример, смета Тадиќ.

Ставот на Макрон за Европа во повеке брзини кој дојде веднаш по изјавата на Мишел за рокот за проширување во 2030, за Тадиќ е нефер предлог кој  нуди економска интеграција, но не и политичка и безбедносна.

Од евроинтеграцијата на регионот сите ке имаат корист, смета Тадиќ, без ЕУ нема да има силен регион, но и обратно, Унијата нема  да биде геостратешки релевантна без земјите од Западен Балкан.

Војната во Украина го менува светот предупредува Тадиќ. Тој очекува нов распоред на силите и нов поредок.

Тадиќ кој е лидер на Социјалдемократската партија, на чело на Србија беше во периодот од 2004 до 2012 година.