Борис Џонсон стана татко

Британскиот премиер Борис Џонсон и неговата вереница Кери Симондс денеска добија син.
Портпаролка на двојката истакна дека мајката и бебето се чувствуваат одлично.
– Премиерот и неговата партнерка Симондс со восхит го објавуваат раѓањето на здраво момче рано изутринава во болница во Лондон, изјави портпаролката, додавајќи дека тие му заблагодаруваат на „прекрасниот медицински персонал“.
Џонсон (55) и Симондс (32) минатиот месец објавија дека се вериле кон крајот на минатата година, а на „почетокот на летото“ очекуваат принова.
Тие се прва невенчана двојка која се всели во Даунинг Стрит 10, но е трета двојка која на оваа адреса доби принова, по Тони Блер и Дејвид Камерон.
Џонсон во понеделникот им се врати на работните обврски откако закрепна од заразата со коронавирус, а симптоми на Ковид-19 имаше и неговата вереница.
Тој на почетокот на минатиот месец најави дека веројатно ќе искористи двонеделно породилно отсуство кога ќе се роди бебето, но засега е неизвесно дали ќе го направи тоа, бидејќи државата се наоѓа во вонредна ситуација поради епидемијата на новиот коронавирус.
Џонсон има четири деца од претходниот брак, како и едно од вонбрачна заедница.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Митрополитот Европски Пимен
-

Цената на нафтата од Северното море со драстичен скок, авиокомпаниите имаат гориво за уште 3 недели
-

Алергиите кај деца во подем - кивање, чешање на очи и на нос
-

Зголемена фреквенција но не и застој
-

Велики петок, најтешкиот ден во христијанството
-

Историски исчекор за МПЦ во Италија
-

Утре САД и Иран на преговори во Пакистан
-

Унгарија пред политички крстопат – сè е подготвено за изборите в недела
