Борис Џонсон приватно се согласува со слобода на движењето во ЕУ
Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон приватно се согласува со слободното движење на работната сила во ЕУ, но официјално тој стои зад владината позиција за „тврд“ Брегзит, објави британската телевизија Скај, повикувајќи се на изјави на четворица странски дипломати.
Во приватен разговор со амбасадорите на неколку европски земји, Џонсон рекол дека лично се согласува со правото на лушето за слободно движење низ Унијата, но дека Велика Британија е многу повеќе погодена од тоа европско правило, отколку која било друга земја во ЕУ.
Според Скај, амбасадорите, чиј идентитет телевизијата не го открива, рекле дека Џонсон објаснил оти таквата негова лична определба коресподира со неговите уверувања, но дека тоа не е и политика на Владата на Велика Британија.
Различните стандарди на шефот на британскиот Форин Офис, европските амбасадори ги опишале како „хаотична дипломатија’.
Министерството за надворешни работи во Лондон денеска ги отфрли како неточни изјавите на странските дипломати.
- Џонсон го рекол она што и порано го зборувал, дека не е против миграцијата (од ЕУ), туку дека треба нејзините бројки да се стават под контрола, изјави претставник на Форин Офисот.
Овој претставник истакна дека министерот не зборувал оти поддржува слободно движење на мигрантите, како и дека Џонсон е подготвен да се соочи со секој кој ќе го докаже спротивното.
Пред две недели Борис Џонсон во интервју за еден чешки весник тврдеше дека е измислица оти слободнто движење и населување на државјаните на ЕУ во секоја од земјите-членки е фундаментален принцип на Унијата.
Тоа предизвика гласна реакција во Брисел, од каде порачаа дека британскиот минстер за надворешни работи не ги знае основните принципи на кои се темели ЕУ, потсетувајќи дека слободата на движењето е внесено уште во Договорот од Рим во март 1957 година, кога Унијата беше само Европска економска заедница.
Поранешниот лидер на британските либерал демократи и некогашен заменик премиер, Ник Клег остро ги критикуваше „двојните стандарди“ на Џонсон, кои ги откриваат европските дипломати.
Во изјава за Скај тој го обвини шефот на Форин Офисот оти ги прави „будалетинки“ гласачите во Велика Британија.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова: Делчев беше и ќе биде дел од нас, од нашата историја, сегашност и иднина
-
Мицкоски очекува уште поголема наплата на приходите: Во минатото голем дел од тие средства завршувале во нечии џебови, а денес во проекти за граѓаните
-
Путин: Помирувањето меѓу Русија и Украина е неизбежно, тоа е прашање на време
-
Приведени две лица од Радовиш, сторители на 14 тешки кражби
-
Утре средба Мицкоски - Таравари, за премиерот е неприфатливо ако Таравари се договара со ДУИ
-
Во Битола затекнати 23, а во Охрид шест малолетници после полноќ
-
Министерство за туризам на Грција: Посетителите со кампери и приколки можат да се паркираат во организираните кампови
-
Шајнбаум: Го отфрлив предлогот на Трамп за испраќање американски трупи во Мексико