Борис Џонсон предупредил на економскиот шок и отцепување на Шкотска во случај на Брегзит

Актуелниот британски министер за надворешни работи Борис Џонсон, кој важи за предводник на кампањата за напуштање на ЕУ, претходно предупредувал на заканата за британската економија и за нејзиниот територијален интегритет доколку се изгласа Брегзит.
Неделникот „Сандеј Тајмс“ пишува еден досега необјавен напис на Џонсон, во кој тој вели дека напуштањето на ЕУ ќе предизвика „економнски шок, независност на Шкотска и руска агресија“.
Весникот тврди дека написот е напишан во февруари оваа година, а сега се наоѓа во книгата на Тим Шипман, што ја издава „Сандеј Тајмс“, и во која антиевропеецот Џонсон силно го брани останувањето во Унијата.
Според угледниот лондонски неделник, анти-Брегзит написот Џонсон го напишал за да ги „појасни своите мисли“. Подоцна, дотогашниот силен сојузник на тогашниот премиер Дејвид Камерон и проевропеец, ја промени страната, па потоа има напишано друг текст, во кој е на страна на кампањата за Брегзит, што е објавен на страниците на проконзервативниот „Дејли Телеграф“.
Во текот на кампањата за референдумот од 23 јуни Џонсон призна дека постои напис во кој тој застапува сосема поинакви тези за иднината на бритаските односи со ЕУ, но тогаш нема соопштено какви се неговите ставови.
Во текот на политичките расправи во Парламентот минатата недела Џонсон инсистираше дека на Британија не и е потребен пристапот кон заедничкиот пазар на ЕУ и заговараше правење договори за слободна трговија со партнерите низ светот.
Тоа е сосема различно од она што Џонсон го има зборувано (и напишано) до февруари годинава, кога силно ја бранеше тезата дека Британија треба да биде дел од европскиот заеднички пазар „не ризикувајќи да бара други пазари и договори“.
Појавувањето на необјавениот проевропски напис на Џонсон покажува дека тој како и другите министри за Брегзит сега се цврсто на позициите за „тврд“ Брезит, за кои британски финансиски експерти предупредуваат дека ќе предизвика „економски шок“ во земјата.
Ново на Сител
-

Пет нови членки се приклучуваат на Советот за безбедност на ОН
-

Градоначалникот Јанков во новогодишната ноќ ги посети дежурните служби
-

Италијанско МНР: Најмалку 40 загинати и 100 повредени во експлозијата во познатиот швајцарски ски-центар
-

Приведени пијани возачи од Велес и Тетово, возач од Кочани возел во спротивна насока на кружен тек
-

Спокојна и весела новогодишна ноќ во Охрид
-

Францускиот премиер ќе ги укине доживотните привилегии за поранешните премиери и министри за внатрешни работи
-

Експлозија одзеде најмалку 10 животи во швајцарскиот скијачки центар Кран Монтана
-

Женско првото бебе годинава во Кавадарци
