Борис Џонсон: Британија може да ја напушти ЕУ и без договор
Шефот на британската дипломатија Борис Џонсон денеска изјави дека „би било сосем в ред“ доколку Велика Британија ја напушти ЕУ и без да биде постигнат договор со Брисел околу Брегзитот.
- Не би претствувало апокалипса доколку британската премиерка Тереза Меј ги напушти преговорите за излез на Велика Британија со празни раце, бидејќи британската економија ќе продолжи да напредува, оцени Џонсон за телевизијата „Престон“
Џонсон сепак изрази надеж дека постојат шанси за постигнување „многу добар договор“ за Брегизт до крајот на преговарачкиот процес во 2019 година.
Како што јави „Телеграф“, ваквото тврдење на Џонсон дека е можен Брегзит и без договор со Брисел, поранешниот британски министер лорд Мајк Хезелтајн го оцени како „глупост“, додека претставник на Британската индустриска комора изјави дека истапувањето на Велика Британија од ЕУ без договор „би било многу лошо за бизнисот“.
Британскиот министер за трговија Лајам Фокс пак оцени дека „нема да дојде крај на светот“ ако не биде постигнат договор меѓу Лондон и Брисел за Брегзитот, но додаде дека сепак тоа би било лошо не само за Велика Британија, туку и за цела Европа.
Ново на Сител
-
Уапсени тројца кавадарчани кои краделе од плантажа на компанија
-
Ватикан: Папата Франциск е во стабилна здравствена состојба и имаше мирна ноќ
-
На Попова Шапка и Лазарополе утрово најстудено
-
Два златни медали за македонската репрезентација во џуи џицу на „Словенија Опен“
-
Претрес во Тетово, одземени марихуана и дробилки со остатоци од марихуана
-
Атлетико Мадрид нов лидер во Шпанија
-
Прва АТП титула за Чехот Махач
-
Без струја утре делови од Кисела Вода и Чучер Сандево, без вода дел од улица „Јани Лукровски“