Борел се извини што ги критикуваше младите активисти

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел денеска се извини откако предизвика полемика со неодамнешната изјава за „Грета синдром“, осврнувајќи се на младите кои протестираат низ целиот свет, барајќи од владите да преземат конкретни чекори за борба против климатските промени.
„Се извинувам на сите оние кои се почувствуваа навредени од мојата несоодветна изјава за важноста на движењето на младите што се бори против климатските промени“, напиша Борел на Твитер.
Во средата, говорејќи во Европскиот парламент, Борел изрази сомнеж во сериозноста на ангажманот на младите, предводени од шведската активистка Грета Турнберг за климатските промени. Тој рече дека младите луѓе не биле свесни за цената на мерките, неопходни за да се спречи глобалното затоплување.
Спомнувајќи „Грета синдром“, Борел рече дека е „убаво да се протестира против климатските промени сè додека не се постави прашањето колку сето тоа чини“.
– Би сакал да знам дали овие млади луѓе се свесни колку чинат ваквите мерки, рече тогаш Борел.
Потоа, група пратеници од еколошката партија Зелени објави делови од говорот на Борел, со оценка дека таквите коментари не се прифатливи од претставник на Европската унија.
Ново на Сител
-

Нетанјаху: За непријателите на Израел нема имунитет
-

СВР Струмица со повеќе активности го одбележа 7 Мај – Денот на македонската полиција
-

Шеснаесет возачи возеле без дозвола, кај еден од возачите пронајдена марихуана, а возач од Тетово возел со 1,46 промили алкохол
-

Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан, потврдија од СВР Штип
-

Андоновски: Дигитализацијата е алатка за поконкурентна економија
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители
-

Научник за само еден месец изел 720 јајца
-

Мицкоски: Наскоро ново проширување на лекови од позитивната листа
