Борел: Не можеме да го поткопуваме Меѓународниот кривичен суд
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска ги повика сите земји-членки на Унијата да ги почитуваат одлуките на Меѓународниот кривичен суд (МКС), вклучително и налогот за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
-Не можеме да го поткопуваме Меѓународниот кривичен суд. Тоа е единствениот начин да се постигне глобална правда, рече Борел, чиј мандат истекува на крајот на овој месец.
МКС издаде налози за апсење на Нетанјаху, поранешниот израелски министер за одбрана, Јоав Галант, и лидерот на военото крило на Хамас, Мухамед Деиф, кого израелската војска вели дека го убила летово, сите тројца за воени злосторства и злосторства против човештвото во војната во Газа.
И иако сите земји-членки на ЕУ се потписници на основачкиот статут на МКС, Франција вчера објави дека смета дека Нетанјаху има имунитет во однос на постапките на судот, бидејќи тој не е потписник на тие документи, јавуваат израелските медиуми.
Италија,пак, соопшти дека не е изводливо да се уапси Нетанјаху додека тој е на чело на Владата на Израел, а унгарскиот премиер го покани Нетанјаху да ја посети Будимпешта уште истиот ден кога МКС го издаде налогот за апсење.
Ново на Сител
-
Саша Поповиќ се лечел во Париз, за болеста дознал случајно откако скршил нога
-
Руте побара од Зеленски да ги поправи односите со Трамп
-
Дуда: Украина треба да се врати на преговори со Трамп
-
Почина Саша Поповиќ, основачот и директор на Гранд продукција
-
Александар Стефанов нов претседател на Ракометната федерација на Македонија
-
Пробале да го легитимираат, а тој со возилото удрил во полициско службено возило
-
Пронајдена дрога во Струмица и Гевгелија, приведени пет дилери
-
По инцидентите на масовниот протест во Атина приведени 220 лица