Борби во Мариупол за една од најголемите челичарници во Европа
Во опколениот пристаништен град Мариупол, украинските и руските сили се борат за фабриката за челик Азовстал, една од најголемите во Европа, изјави денеска советникот на украинскиот министер за внатрешни работи, Вадим Денисенко.
– Сега е борбата за Азовстал. Можам да кажам дека го загубивме овој економски гигант. Всушност, една од најголемите металуршки фабрики во Европа тукушто се уништува, истакна Денисенко во телевизиско обраќање.
Мариупол, со својата стратешка позиција на брегот на Азовското Море, е мета од почетокот на војната на 24 февруари.
Генералштабот на украинската армија доцна синоќа соопшти дека при руската опсада на Мариупол е изгубен пристапот до Азовското Море.
Русија вчера соопшти дека нејзините сили го „затегнуваат обрачот“ околу Мариупол, каде се проценува дека се оштетени 80 отсто од зградите и куќите, а се сомнева дека околу 1.000 луѓе се уште се блокирани во импровизирани засолништа под уништениот театар.
Ново на Сител
-
САД го поздравуваат мировниот договор меѓу Ерменија и Азербејџан
-
Украина ги отфрла тврдењата дека нејзините сили во Курск се опколени
-
Путин по средбата со Виткоф: Ќе видиме што ќе произлезе од ова
-
Во Берлин запалени четири автомобили на „Тесла“
-
Зеленски: Условите на Русија за прекин на огнот покажуваат дека таа земја сака војната да продолжи
-
Приведен скопјанец кој му се заканувал на инспектор од АХВ
-
Јахоски спроведен во „Шутка“ на 30 дневен притвор
-
Одземено возило во Кавадарци поради создавање бучава | ВИДЕО